1. Наслов на наставниот предмет |
Моделирање и симулација во електроника | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05Л027 | |||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Катерина Ралева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со алатката за симулација на електрични кола SPICE (OrCAD програмски пакет). Запознавање со вградените модели на полупроводничките елементи во SPICE. Ги разбира параметрите на SPICE моделите и како тие се поврзани со физичките параметри. Оспособен за користење на OrCAD за дизајн на електронски кола и за решавање на задачи од електроника. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Програми за симулација на електрични кола. Вовед во SPICE – наредби и типови на анализа. Преглед на вградените модели на диода, биполарен транзистор и униполарни транзистори (MOSFET, JFET) во SPICE. Моделирање на зенер диода. Симулација на струјно-напонски карактеристики на полупроводничките елементи. Модели на биполарни и униполарни транзистори за мали и големи сигнали и избор на модел според типот на анализа. Одредување на напонско и струјно засилување, влезна и излезна отпорност на засилувачи со помош на SPICE. Фреквенциска анализа. Симулација на MOS засилувачи во интегрирана технологија. Модели на операциски засилувач (ОЗ). Симулација на линеарни и импулсни кола со ОЗ. Засилувачи со повратна врска и анализа на стабилност со помош на SPICE. Симулација на електрични кола со помош на Schematics. Анализа на биполарни и MOS дигитални кола со симулација во SPICE. Симулација на комбинациона и секвенцијална логика. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
70 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
60 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути),тестови и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Gordon W. Roberts, Adel S. Sedra | SPICE (2nd edition) | Oxford University Press | 1997 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
M.H. Rashid | Introduction to PSpice using OrCAD for circuits and electronics | Prentice Hall | 2004 |