Мултимедиски системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Мултимедиски системи

2.    Код

3ФЕИТ05Л028

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Зоран Ивановски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Дигитално процесирање на сигнали

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните пронципи на работа и технологиите на кои се засновани мултимедиските системи;  Стекнување со основни знаења за барањата поставени пред современите мултимедиски системи и проблемите поврзани со нивното имплементирање;  Оспособување за согледување на проблемите во дизајнирањето на мултимедијални системи и да се стекнат со способност за надополнување на своите знаења во правец на совладување на согледаните проблеми.

11.    Содржина на програмата: Воведни поими од мултимедиски системи, историски развој. Основни поими од компјутерска графика. Основни поими од дигитална обработка на звук: компресија на звук. Основни поими од дигитална обработка на говор: синтеза на говор, анализа на говор. Основни поими од обработка на слика и видео: анализа и сегментација на слика, кодирање на слика и видео. Тек на мултимедијални податоци (мултимедијални сервери, синхронизација), Квалитет на услуга (QoS за IP протоколи), Media-on-Demand (емитување на video-on-demand, интерактивна телевизија). Пребарување по содржина во дигитални библиотеки: Пребарување на мултимедијални податоци: звук, говор, музика, графика, слика и видео. Принципи на бази на слики и видео-бази (пребарување на слики и видео, квантификација на резултатите), MPEG-7. Напредни мултимедијални техники: Алгоритми за препознавање на звук, говор, слики, видео, контекст и дејствија.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час,проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

40

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација, анкети, разговори со студентите.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ralf Steinmetz,  Кlara Nahrstedt MULTIMEDIA SYSTEMS Springer-Verlag 2004

2

Ralf Steinmetz,  Кlara Nahrstedt MULTIMEDIA APPLICATIONS Springer-Verlag 2004