Основи на мехатронички системи

Последна измена: октомври 16, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Основи на мехатронички системи

2.    Код

3ФЕИТ12Л013

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

 

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со Мехатрониката како интердисциплинарен и интегриран инженерски пристап при дизајнирањето. Воспоставување основни рамки на знаења од механички структури кои содржат електронски компоненти и се под компјутерски мониторинг и контрола. Компетенции: Подготвен за суштинско согледување на современите инженерски предизвици и насочен кон експериментирање и активно користење на машинските и информатичките компоненти во мехатроничките системи.

11.    Содржина на програмата: Поим за мехатронички системи. Осврт кон инженерските дисциплини кои се интегрираат при проектирањето на мехатронички системи: механика, информатика, електроника, автоматика, мерна техника, менаџмент. Компоненти кај мехатроничките системи: класификација, видови, карактеристики, примена. Основни структури на актуатори: пневматски, хидраулични, електромеханички актуатори. Механизми за пренос на движења кај мекхатроничките системи. Мерење на физички големини. Проектирање на елементарен мехатронички систем: согледување потребите на клиентот, поставување и анализа на проблемот, генерирање можни решенија, концепциско решение, избор на компоненти и разработка на детали, визуелизација и презентација на поставената задача.

12.    Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

16.2. Самостојни задачи

16.3. Домашно учење

105

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

100

17.2. Семинарска работа/проект

17.3. Активност и учење

17.4. Завршен испит

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација, анкета на студентите.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Bolton, W. Mechatronics : Electronic Control Systems in Mechanical Engineering,  4th Edition Pearson 2008

2

Clarence W. de Silva Mechatronics. Fundamentals and Applications, CRC Press, Taylor & Francis Group 2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robert H. Bishop The mechatronics handbook CRC Press LLC 2007