1. Наслов на наставниот предмет |
Прекинувачки извори за напојување | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05З031 | |||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/7 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните топологии на прекинувачки извори за напојување, нивните принципите на работа и параметри, проектни барања и постапки за нивно проектирање и испитување. – Оспособување за користење, анализа на работата и проектирање на основните еднонасочни прекинувачки извори за напојување. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед: чопер како еднонасочен енергетски преобразувач, управување на конверторите со импулсно ширинска модулација (PWM) , користени апроксимации во стационарен режим на работа. Конвертор снижувач на напон (buck), генеза, филтрирање на излезниот напон, работа во режими со континуирани и дисконтинуирани струи, граница меѓу режимите со континуирани и дисконтинуирани струи, брановитост на излезниот напон. Напонски и струјни стресови на прекинувачките елементи, влијание на реалните карактеристики на елементите и коефициент на полезно дејство. Анализа на останати конвертори без галванска изолација: конвертор повишувач на напон (boost), инвертирачки конвертор (buck-boost), Чук-ов конвертор, SEPIC и ZETA конвертори. Бидирекционални конвертори. Целомостен dc-dc конвертор: работа со униполарана и биполарна PWM. Магнетни кола. Конвертори со галванска изолација: Флајбек, Форвард, push-pull, мостен, полумостен и струјно напојуван конвертор. Управување: методи за напонско и струјно управување. Анализа на стабилноста на конверторите со метода на усреднување во просторот на состојби. |
||||||||
12. Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
90 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
40 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
40 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изведени и колоквирани лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
N.Mohan, T.M. Underland, W.P. Robbins | Power Electronics: Converters, Applications and Design | John Wiley & Sons Inc | 2003 | ||||
2 |
Abraham I. Pressman | Switching Power Supply Design | McGraw-Hill | 2004 | ||||
3 |
Erickson, Maksimovic | Fundamentals of Power Electronics | Springer | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Raymond S. Ramshaw and D. Schuurman | Pspice Simulation of Power Electronics Circuits: An Introductory Guide | Chapman & Hall | 1997 |