Теорија на електрични кола

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Теорија на електрични кола

2.    Код

3ФЕИТ05Л038

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Димитар Ташковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електрични кола

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Предметот претставува продолжение на предеметот Основи на електрични кола и има за цел да им пружи на студентите можност за проширување на математичките основи од областа на кои основи студентите ќе можат да ги градат своите знаење од другите области во електротехниката и информацсиките технологии.  Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени: да прават генерална анализа на електрични кола со сложена тополошка структура; да анализираат кола со примена на Лапласова трансформација; да анализираат неурамнотежени трифазни кола и кола во куса врска со помош на симетрични компоненти; да анализираат кола со распределени параметри во простопериодичен принуден режим.

11.    Содржина на програмата: Елементи на електричните кола (ревија).  Тополошки поими и тополошки матрици. Kирхофови закони во матрична форма. Tелегенова теорема. Равенки на независни струи и независни напони. Решавање на равенките со помош на Лапласова трансформација. Функција на мрежа. Мрежи со N пристапи. Неурамнотежени трифазни кола. Симетрични компоненти. Неурамнотежени трифазни кола и куси врски. Електрични водови. Водови во принуден простопериодичен режим.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, домашни задачи и аудиториски вежби, сето тоа реализирано во електронско опкружување.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби.

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и домашни работи) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов Теорија на електрични кола Факултет за електротехника и информациски технологии 2008

2

М. Богданов Трифазни електрични кола и електрични водови Факултет за елетротехника и информациски технологии 2014