Предмет: Ветрогенераторски системи и технологии
Код: 3ФЕИТ02002
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Влатко Стоилков
Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со знаења за развојот и современите трендови на експлоатацијата на енергијата на ветрот во ветрогенераторските системи, како и применетите технологии за оптимално искористување на енергијата на ветрот. Студентите ќе се стекнат со компетенции за анализа на ветрогенераторските системи и примената на современи технологии во областа на искористувањето на енергијата на ветрот.
Содржина на предметната програма: Ветрот како обновлив и неисцрпен извор на енергија. Енергија и моќност на ветрот. Ветерни турбини во хоризонтална и вертикална изведба. Видови електрични машини за ВГС. Активна, пасивна и компбинирана регулација на моќноста во ВГС. Аеродинамика на ветерните турбини. Компаративна анализа на ветрогенераторските и конвенционалните извори на енергија од аспект на влијанијата врз животната средина. Позитивни и негативна аспекти на искористувањето на енергијата на ветрот. Елементи на ветрогенераторските системи (ВГС). Современи технологии во ветрогенераторските системи. Ветрогенераторски полиња. Копнени и вонкопнени ветрогенераторски системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
S. Mathew | Wind Energy Fundamentals, Resource Analysis and Economics | Springer | 2006 |
2 |
J. F. Walker, N. Jenkins | Wind energy technology | John Wiley&Sons | 1997 |
3 |
Thomas Ackermann | Wind Power in Power Systems | Wiley; 2 edition | 2012 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
T. Burton, N. Jenkins, D. Sharpe, E.Bossanyi | |||
2 |
T. Burton, N. Jenkins, D. Sharpe, E.Bossanyi | Wind energy handbook | Wiley; 2 edition | 2011 |