
По повод денот на константата „ПИ“ и 60 годишнината од постоењето на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии-Скопје, во просториите на Факултетот, на 14.03.2019 г. од 17 часот, се одржа „Бруцошко интегрирање“. Настанот беше конципиран како натпревар во решавање интеграли. Натпреварувачи беа студентите од прва година, т.е. бруцошите, а студентите од погорните години беа судии и...