ФЕИТ организира меѓународна школа за е-здравје

Објавено: февруари 14, 2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира тематска школа „Зимска школа за е-здравје и паметни уреди и технологии“, во рамки на европскиот проект WideHealth. На зимската школа ќе учествуваат 133 учесници од земјава, Португалија, Германија, Италија, Словенија, Нигерија, Перу, Франција и Јапонија. Меѓународната школа ќе се организира хибридно – со физичко присуство на Факултетот...