ФЕИТ – лидери во развојот на дигитални вештини

Објавено: декември 22, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, доби признание за придонес во развојот на дигиталните вештини на традиционалната годишна Валоризациона конференција, одржана на 20.12.2023 во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.  Признанието беше доделено за успешното спроведување на проектот UbiLAB. Платформата UbiLAB е пример за успешна реализација на лабораториски вежби достапни од далечина, со...

Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: декември 18, 2023

Пријавување испити на прв циклус студии во зимска – прва испитна сесија 2024 (јануарската испитна сесија 2024) ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 2.1. до 21.1.2024 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават...

Пријавување испити – втор циклус студии

Објавено: декември 18, 2023

Пријавување испити на втор циклус студии во зимска – прва испитна сесија 2024 (јануарска испитна сесија 2024) ќе се врши електронски, со користење на I Know системот, во периодот  од 2.1. до 21.1.2024 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат...

Нa ФЕИТ презентирани осум иновативни студентски проекти во рамки на програмата INNO-SAE

Последна измена: декември 18, 2023

                                                           На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа презентирани осум иновативни студентски проекти во рамки на програмата Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE). На презентацијата на...

Промоција на доктори на науки 2023

Објавено: декември 14, 2023

На 12. декември 2023 година се одржа свечената промоција на доктори на науки. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 13 доктори на наука, меѓу кои и тројца наши колеги: д-р Јован Карамачоски, д-р Ѓорѓи Илиевски и д-р Васко Здравески. Им честитаме на нашите колеги и им поскауваме...

Учество на тим од ФЕИТ на состанок на проектот TRANSIT

Објавено: декември 12, 2023

Тим од професори од ФЕИТ учествуваше на состанок на проектот TRANSIT кој се одржа во историската Палата на уметности и индустрија во Мадрид. Состанокот беше организиран од Политехничкиот универзитет во Мадрид. TRANSIT (Транзиција кон одржлива иднина преку обуки и образование) е проект финансиран од Европската Унија под програмата Хоризонт Европа во кој учествува и УКИМ,...

ФЕИТ ФабЛаб на Саемот за креативни индустрии 2023

Објавено: декември 5, 2023

ФЕИТ ФабЛаб со поддршка од ФСС на ФЕИТ, се претстави со свој штанд на овогодинешниот „Саем на креативни индустрии“ што се одржа на 28. и 29. ноември 2023 во „Скопје сити мол“. На саемот беа изложени низа проекти изработени од студентите и кадарот на ФЕИТ; дел од нив се во фаза на изработка за претстојното...

11. Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕЕОР)

Објавено: декември 4, 2023

Денес се одржа отворањето на 11. Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕЕОР) на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Конференцијата, која е во организација на студентите од ФЕИТ со поддршка на вработените од Факултетот, ќе трае од 4. до 6. декември 2023 година. На Конференцијата учествуваат студентите од ФЕИТ...