Одбележување на јубилејот 30 години од основањето на МАКО СИГРЕ

Објавено: ноември 29, 2024

На 21. ноември беше одбележан јубилејот 30 години од основањето на МАКО СИГРЕ, националниот комитет на CIGRE во Македонија. По тој повод, гости на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа проф. Константин Папаилиу, претседател и г-дин Филип Адам, генерален секретар на меѓународната организација CIGRE. Во рамки на посетата, гостите имаа можност да дојдат...

Smart Start програмата на Македонски Телеком

Објавено: ноември 28, 2024

Размислувате за професионален почеток на вашата кариера? Вклучете се во Smart Start програмата на Македонски Телеком. Учете од врвни експерти, споделувајте идеи и бидете дел од тимот којшто ја креира дигиталната иднина. Дознајте што нуди Smart Start програмата и како можете да аплицирате за проектите: Македонски Телеком – Најдобрата мрежа во Македонијa (telekom.mk)...

Одржани воведните предавања на новоизбраните доценти на Институтот за компјутерски технологии и инженерство

Објавено: ноември 27, 2024

Новоизбраните доценти, д-р Бојана Величковска и д-р Ана Чолакоска Цилакова, одржаа воведни предавања пред останатите колеги од ФЕИТ и неколку други факултети од УКИМ. Воведните предавања беа на тема „Идентификација на расна пристрасност во податочни множества со помош на машинско учење“ (доц. д-р Бојана Величковска) и „Федеративно машинско учење за зголемување на безбедност и приватност...

ФЕИТ на Саемот за креативни индустрии

Објавено: ноември 26, 2024

Горди сме што нашите студенти имаа можност да учествуваат со своите иновативни проекти на Саемот за креативни индустрии, кој се одржа на 25-26 ноември, во едукативниот културен центар „Лабораториум“. Настанот, организиран со поддршка од Министерството за култура, претставува платформа за презентирање на иновации, креативни решенија и технологии кои придонесуваат за развојот на креативните индустрии во...

Претставена работата на ФЕИТ на асистивни технологии на АСТЕК 2024

Објавено: ноември 26, 2024

Во рамките на своето покането предавање на Шестата меѓународна конференција за асистивни технологии и комуникации – ASTEK 2024, која се одржа во Белград, на 15 ноември 2024, проф. д-р Бранислав Геразов ја претстави долгогодишната успешна соработка на ФЕИТ со Здружението за асистивни технологии „Отворете ги прозорците“ на дизајнот и изработката на асистивни технологии. Пред присутните...

Одржано предавање на тема употреба на ВИ во образованието од Џорџа Ниеду

Објавено: ноември 26, 2024

Џорџа Ниеду – докторантка на Универзитетите во Каљари и Мачерата, во рамки на својот докторски престој на ФЕИТ, ги претстави потенцијалите на примената на вештачката интелигенција за унапредување на наставата по математика во основното и средното образование. Таа зборуваше за начините на кои големите јазични модели можат да бидат искористени како од учениците, така и...

ЛОСТ – Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски приходи

Објавено: ноември 22, 2024

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување 10 стипендии за студенти од семејства со ниски приходи Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2024 заклучно со 31.07.2025, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за...

Персонализирано учење во мерната техника поддржано со машинско учење

Објавено: ноември 15, 2024

На 12.11.2024 преку зум платформата се одржа воведниот состанок  за почеток на проектот „Персонализирано учење во мерната техника поддржано со машинско учење“  (PEMS-ML). PEMS-ML е проект на ФЕИТ од програмата KA220-HED – Cooperation partnerships in higher education (KA220-HED). Предвидено е да трае две години со вкупен буџет од 120000 евра. Проектот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата...

Посета на учениците од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје

Последна измена: ноември 18, 2024

На 13. ноември 2024 г., Факултетот за електротехника и информациски технолгии (ФЕИТ) беше домаќин на поголема група средношколци од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје. Средношколците заедно со нивните предметни наставници од областите СТЕМ, беа пречекани од одговорните од Центарот за нови студенти при ФЕИТ и поздравени од Деканот на ФЕИТ, проф. Владимир Атанасовски. Раководителот на...

Python 101: Основи на работа со звук во Python

Последна измена: ноември 14, 2024

Работилницата “Python 101: Основи на работа со звук во Python” беше организирана во петок, 8. 11. 2024 во ФЕИТ ФабЛаб во рамки на активностите по предметот Електроакустика на програмата КХИЕ. Студентите присутни на работилницата имаа можност да се запознаат со програмскиот јазик Python и основите на процесирање на звучните сигнали со него. Дополнително, беа претставени можностите...

Награда за вон. проф. Христијан Ѓорески од ФЕИТ за посебен придонес во науката

Последна измена: ноември 14, 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) традиционално го одбележува 10. ноември,  Светскиот ден на науката за мир и развој. По овој повод, УКИМ доделува награди за најдобри научници и уметник за исклучителни достигнувања во науката и уметноста во претходната година. Покрај овие награди, годинава Универзитетот додели и Плакета на осуммина професори од УКИМ...

Претставен системот за вокална интеракција човек-робот Роби

Последна измена: ноември 14, 2024

На ФЕИТ е претставен системот за вокална интеракција човек-робот – Роби. Системот го изработија студентките Јована Михајлоска, Даниела Каракулева и Маргарита Ташулова, во рамки на своите дипломски теми на програмата КХИЕ. Роби е дизајниран за интеракција со деца преку раскажување на приказни и поставување на прашања, а одговорите на децата активно влијаат на текот на...

Избори за претседател и членови на ФСС на ФЕИТ – 2024

Објавено: ноември 8, 2024

Собири за кандидирање за ФСС при ФЕИТ Упатство Одлука за распишување избори на претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје...

Панел дискусија “Диспропорција на дигитални вештини”

Објавено: ноември 6, 2024

На 05.11.2024 во просториите на ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информацики технологии во организација на УНДП и Факултетот се одржа настан – панел дискусија на тема “Диспропорција на дигитални вештини”. Настанот е прв во редот настани од типот Дигитални дискусии (Digital Discussions) во организација на УНДП на кој се дискутираат тековните и идните предизвици...

Студентски проект: „Што дишеме?“

Објавено: ноември 1, 2024

Тим од студенти на ФЕИТ од програмата КХИЕ (Марко Петров, Филип Петковски, Ристе Наќев, Тијана Петковска, Андреј Илиевски и Стефан Василевски) под менторство на проф. Јосиф Ќосев и асс. Никола Јовановски, аплицираа и добија финансирање на материјалните трошоци за проектот од организацијата EPICSinIEEE. Целта на финансирањето е да се искористи техничкото знаење на студенти-волонтери во...