Студенти од ФЕИТ ја освоија главната награда на ICAMES 2025

Објавено: мај 13, 2025

Студентите Марко Доневски, Елена Тодорова и Маја Наумоска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја освоија главната награда за најдобар проект на 29-тото издание на ICAMES (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students) – меѓународна културна и академска средба на студенти по технички науки, организирана од Друштвото на инженери при Универзитетот Боазиџи...

Електромобилност и иновации: Летна школа за претприемништво во ерата на електрични возила

Објавено: мај 13, 2025

Летната школа „Електромобилност и иновации“ е интензивна петтдневна програма наменета за студенти на УКИМ од различни академски позадини кои се заинтересирани за иновации, електрични возила и претприемништво. Целта е да се поттикне критичко размислување и практичен развој на бизнис концепти во сферата на одржлива мобилност. Програмата вклучува комбинација од предавања од национални и меѓународни експерти...