| 1. Наслов на наставниот предмет | Процесни мерења | |||||||
| 2. Код | 4ФЕИТ03З009 | |||||||
| 3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Живко Коколански | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Мерења во електротехника | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења за процесните мерно-информациски и мерно-управувачки системи. Способност за дизајн, реализација и одржување на процесни мерни системи. Способност за имплементирање на системи за аквизиција на податоци, процесна и виртуелна инструментација. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Вовед во процесни мерења. Поим и класификација на мерни сетила и преобразувачи во поглед на излезниот сигнал. Поим за активни сетила, пасивни сетила и паметни сетила и преобразувачи. Модел на процесен мерен систем. Внатрешни и надворешни нарушувања на мерниот систем. Примена на табели за пребарување и парцијална линеарна интерполација за апроксимација на преносната карактеристика на мерен систем. Линеаризација и компензација кај мерни системи. Електронски кола за кондиционирање на мерни сетила базирани на мерење периода, фреквенција, временски интервал и амплитуда. Капацитивно и индуктивно спрегнување и елиминирање на пречки во процесните мерни системи. Активно и пасивно оклопување. Заземјување на мерни кола. Повеќеканални системи за аквизиција на податоци. Процесна и виртуелна инструментација. Телеметрија и пренос на мерни податоци. | ||||||||
| 12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарски и проектни задачи, самостојно учење. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 15 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби | |||||||
| 20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, тестирање на лабораториски вежби и можна изработна на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача. Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
| 21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
| 23. Литература | ||||||||
| 23.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | J. Fraden | Handbook of Modern Sensors, Physics Design and Applications, Third Edition | Springer | 2003 | ||||
| 2 | Ramon Pallas-Areny, John G. Webster | Sensors and Signal Conditioning, Second Edition | John Wiley & Sons | 2001 | ||||
| 3 | Ж. Коколански | Процесни мерења, интерна скрипта | ФЕИТ | 2020 | ||||
| 23.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | J.Park, S. Mackay | Data Acquisition for Instr. and Control Systems | Elsevier | 2003 | ||||
| 2 | S. Awan, B. Kibble, J. Schurr | Coaxial Electrical Circuits for Interference-Free Measurements | IET | 2011 | ||||
| 3 | A.Ferrero, D. Petri, P. Carbone, M. Catelani | Modern Measurements, Fundamentals and Applications | IEEE Press, Wiley | 2015 | ||||

