1. Наслов на наставниот предмет | Физика 2 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ08Л016 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ, ЕЕПМ, ЕЕС, КТИ, КСИАР, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | I/2 | 7. Број на ЕКТС | 7 | |||||
8. Наставник | Д-р Маргарита Гиновска, Д-р Христина Спасевска, Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска, Д-р Ивана Сандева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушани: Физика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Користење на физичките законитости од модерната физика при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството. • Објаснување на основните принципи од специјалната теорија на релативност. • Примена на Максвелови равенки кај електромагнетни бранови. • Примена на законите на физичката оптика. • Објаснување на физичките принципи на работа на современи уреди во техниката. • Објаснување на основните појави од атомска физика. • Објаснување на основните квантномеханички принципи. • Примена на Шредингерова равенка на некои основни системи. • Анализа на структурата на цврсто тело. • Објаснување на појавите на спроводливост кај метали. • Примена на квантномеханички принципи за анализа на електричните, магнетните и оптичките својства на цврсто тело. • Примена на физичките принципи кај наноматеријали. • Објаснување на физичките појави на атомско и нуклеарно ниво. • Примена на физичките принципи и појави од оптиката, атомската и нуклеарната физика во различни области (електроника, автоматика, телекомуникации, енергетика, медицина). |
||||||||
11. Содржина на програмата: Специјална теорија на релативност. Релативистичка механика. Лоренцови трансформации. Релативистичка енергија и импулс. Електромагнетни бранови. Максвелови равенки. Индекс на прекршување, дисперзија, апсорпција и поларизација на ЕМ бранови. Поларизација на светлината како ЕМ бран и Малусов закон. Бранова природа на светлина. Кохерентност. Јунгов обид. Интерференција. Интерферометрија, детекција и мерење на мали поместувања. Дифракција и дифракциона решетка. Светлински кванти. Фотоелектричен ефект. Апсорпција, емисија и спонтана емисија. Примена во современи уреди во техниката. Атомска физика. Боров модел на атомот. Атомски спектри. Рендгенско зрачење. Линиски и континуиран спектар. Мозлиев закон. Комптонов ефект. Примена на рендгенски зраци. Квантна механика. Дуалност бран-честичка. Квантно механички постулати. Хајзенбергов принцип на неопределеност. Шредингерова равенка и нејзино решение за слободна честичка, честичка во потенцијална јама и низ потенцијална бариера. Тунел ефект. Шредингерова равенка за водороден атом. Квантни броеви. Периоден систем. Паулиев принцип. Физика на тврдо тело. Ферми-Диракова функција на распределба. Модел на слободен електрон. Фермиева енергија. Густина електронски состојби. Брилуенова зона. Спроводливост на металите. Квантна теорија на полуспроводници. Електрични и магнетни својства на материјалите. Суперспроводливст. Квантна теорија на поларизација, дијамагнетизам, парамагнетизам и феромагнетизам. Нови својства и однесување на материјалите на квантно ниво (нанониво). Примери и примена на нанонауката и нанотехнологиите во различни гранки на електроника, компјутерско инженерство, автоматика, роботика, до биологија и медицина. Нуклеарна физика. Состав на атомско јадро. Јадрени сили. Нуклеарни реакции. Нуклерна енергија, зрачење и заштита од зрачење. Примена на нуклеарна физика во техника, енергетика и медицина. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 210 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 20 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите, …). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестовите. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Х. Спасевска, М. Гиновска, В. Георгиева | Предавања по предметот Физика 2 | ФЕИТ, УКИМ | 2016 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | С. Торнтон, Е. Рекс | Модерна физика за научници и инженери | Табернакул | 2010 | ||||
2 | P. Tipler | Physics for scientists and engineers, Vol.2 | Worth Publishers | 1999 |