Mеханизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Mеханизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност
2. Код 4ФЕИТ09007
3. Студиска програма 1-ОИЕ, 3-ЕЕС, 14-ЕСОР, 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Весна Борозан
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Познавање на енергетската политика на Европската унија (ЕУ) и Енергетската заедница (ЕнЗ), со фокус на механизмите за поддршка на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетската ефикасност (ЕнЕ), нивна примена и ефективноста на примената во ЕУ и Република Северна Македонија, критичка проценка на погодноста за примена на одделни мерки во зависност од социо-економските услови и посакуваните резултати од примената.

11. Содржина на програмата:

1. Потреба од воведување на механизми за поддршка на ОИЕ и ЕнЕ: Глобални трендови во енергетиката – енергетски ресурси и нивна експлоатација, животна средина и глобално затоплување, сигурност во снабдувањето, геополитички влијанија vs развој на технологијата за експлоатација на ОИЕ, нови (интелигентни) концепти на електроенергетски системи (ЕЕС). 2. Енергетска политика на ЕУ и на ЕнЗ: Стратегија – Енергетска унија, Законодавен пакет – Чиста енергија за сите Европејци, Патоказ за остварување на целите до 2040 година – Зелен договор, Директиви и регулативи за промоција на ОИЕ, Директиви и регулативи за промоција на ЕнЕ, Обврски на Република Северна Македонија како страна во Договорот за ЕнЗ, Стратегии и акциони планови за унапредување на ОИЕ и ЕнЕ во Република Северна Македонија. 3. Механизми за поддршка на ОИЕ: Инвестициони субвенции; Даночни олеснувања; (Фиксни) повластени тарифи; Фиксна премија; Акционерски програми; Програми за учество; Зелени тарифи; Тендерски систем; Систем за тргување на зелени сертификати; Еколошки даноци; Доброволни договори. 4. Примена и резултати од примената на механизмите за поддршка на ОИЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ и Република Северна Македонија. 5. Механизми за поддршка на ЕнЕ: Еколошки даноци; Даночни олеснувања; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку снабдувачите со енергија; Наменски фондови со префрлање на трошоците на крајните потрошувачи преку пазарот на големо; Инвестициони субвенции; Бели тарифи; Повластени кредити; Систем за тргување на Кјото единици; Фискални стимулации од државниот буџет. 6. Резултати од примената на механизмите за поддршка на ЕнЕ: Примена и искуства од примената во ЕУ и Република Северна Македонија.

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 40 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавањата/консултациите
20. Начин на полагање на испитот Тест и презентација: писмена и усна
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција Friedrich-Ebert-Stiftung (FES), ноември 2020, ISBN 978-9989-109-96-6 2020
2. CEER Key support elements of RES in Europe: Moving towards market integration CEER, Brussels, 26 January 2016 2016
3. IEA Energy Efficiency Governance OECD/IEA 2010
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Energy Community Secretariat  Policy Guideline on Reform of the Support Schemes for Promotion of Energy from Renewable Sources  Energy Community Secretariat  2015
2.  Energy Community Secretariat and EBRD  Energy Efficiency Obligation Schemes: Policy guidelines  Energy Community Secretariat  2019
3.  Предавања, презентации, студии, извештаи на стручни работни тела, законски и подзаконски акти и други материјали