1. |
Наслов на наставниот предмет |
Процесирање и анализа на биомедицински сигнали |
2. |
Код |
4ФЕИТ05030 |
3. |
Студиска програма |
10-ДПСМ, 22-БЕ |
4. |
Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
Втор циклус студии |
6. |
Академска година/семестар |
I/1 |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
6.00 |
8. |
Наставник |
Д-р Андријана Кухар |
9. |
Предуслов за запишување на предметот |
|
10. |
Цели на предметната програма (компетенции):
Запознавање со основните поими за сигналите, аквизиција на сигналите и нивна класификација. Запознавање со еднодимензионални и дводимензионални биомедицински сигнали, нивното настанување и карактеристики како и со аквизиција и компресија на дигитални биосигнали и нивно процесирање. Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со анализа на биомедицинските сигнали, користење на методи за пресметки и процесирање, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци.
|
11. |
Содржина на програмата:
Сигнали, вовед, дефиниции. Аквизиција на сигналите, техники за редукција на шум, усреднување по време, спектрална анализа и филтрирање. Техники во процесирањето – Фуриеова трансформација, wavelet трансформација, други методи. Кластирање и класификација на сигналите, модулација и демодулација. Биомедицински сигнали, настанување, извори, аквизиција и карактеристики. Карактеристики на клетка и ткиво од електричен аспект, карактеристики на неврон. Анализа на биосигнали со ниско ниво во присуство на шум. Дигитални биомедицински сигнали и процесирање, компресија на дигитални биомедицински сигнали. Wavelet анализа кај дигиталните биомедицински сигнали. Карактеристики, процесирање и анализа на еднодимензионални биосигнали: ЕКГ, ЕЕГ и ЕМГ. Основни концепти на процесирање на слика; дигитализација; филтрирање на шум. Основи на морфолошко процесирање на слика: логички операции кај дигитални слики; дилатација и ерозија; отворање и затворање. Процесирање со маски; процесирање во доменот на просторни фреквенции; отстранување на шум со wavelet. Детекција на рабови; сегментација. Квантификација на движење од сликовни секвенци; примена при мерење на динамички биолошки појави. Дводимензионални биосигнали, модалитети за добивање биомедицински слики. Физика на рендгенските зраци, теорема на проекциони пресеци, аквизиција и анализа на рендгенски и КТ-слики, инверзна Радонова трансформација; физички и физиолошки принципи на техниката магнетна резонанса и МР-слики; физички и физиолошки принципи на ултразвукот и УЗ-слики.
|
12. |
Методи на учење:
Активно следење на наставата, тимска и самостојна работа, изработка на проектни задачи |
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
180 |
14. |
Распределба на расположивото време |
3 + 3 |
15. |
Форми на наставните активности |
15.1 |
Предавања – теоретска настава |
45 часови |
15.2 |
Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа |
45 часови |
16. |
Други форми на активности |
16.1 |
Проектни задачи |
30 часови |
16.2 |
Самостојни задачи |
30 часови |
16.3 |
Домашно учење |
30 часови |
17. |
Начин на оценување |
17.1 |
Тестови |
30 бодови |
17.2 |
Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) |
50 бодови |
17.3. |
Активност и учење |
20 бодови |
17.4. |
Завршен испит |
0 бодови |
18. |
Критериуми за оценување (бодови/оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
60% успех од сите предиспитни активности |
20. |
Начин на полагање на испитот |
Проектна задача и завршен испит. |
21. |
Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Самоевалуација |
23. |
Литература |
23.1. |
Задолжителна литература |
Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1. |
K. Najarian, R. Splinter |
Biomedical Signal and Image Processing |
CRC Press |
2006 |
2. |
J. Bronzino, D. Peterson, editors |
Biomedical Engineering Fundamentals |
CRC Press |
2018 |
23.2. |
Дополнителна литература |
Ред.
број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1. |
J. Enderle, J. Bronzino |
Introduction to Biomedical Engineering, 3rd Ed. |
Academic Press |
2012 |
2. |
A. Johnson |
Biology for Engineers |
Boca Raton: CRC Press LLC |
2011 |