Енергетска ефикасност на електротермиски постројки

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Енергетска ефикасност на електротермиски постројки
2. Код 4ФЕИТ06005
3. Студиска програма 14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Снежана Чундева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување на адекватно знаење за влијанието на електротермиските постројки врз животната средина, можностите за намалување и елиминирање на штетните влијанија. Зголемување на електротермиска ефикасност на индустриските постројки. Оспособеност за ефикасен избор на ефикасни електротермиски постапки и постројки. Оспособеност за  интегрирање на превентивните стратегиите при планирањето и развојот на индустриското производство, за намалување на причините за загадување на животната средина предизвикани од електротермиските индустриски постројки и рационализација на потрошувачката на енергија и суровински материјали.

11. Содржина на програмата:

Влијание на електротермиските постројки врз животната средина. Зголемување на електротермиска ефикасност на индустриските постројки. Процесно управување, автоматизација и роботизација на електротермиските уреди.

12. Методи на учење:

Предавања и презентации. Работа во групи, разработка на студии на случај, реалистични работни сценарија и добри работни практики.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 30 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Изработка и одбрана на проектна задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Yuri N. Toulouevski • Ilyaz Y. Zinurov Innovation in Electric Arc Furnaces Springer 2013
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Valentin Vogl, Max Åhman, Lars J. Nilsson  Assessment of hydrogen direct reduction for fossil-free steelmaking  Journal of Cleaner Production  2018
2.  Sergio Lupi  Fundamentals of Electroheat Electrical Technologies for Process Heating  Springer  2017