Методи и инструментални техники кај квантитативна анализа на материјали

Последна измена: јули 11, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Методи и инструментални техники кај квантитативна анализа на материјали
2. Код 4ФЕИТ08011
3. Студиска програма 15-ММК
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој предмет е вовед во современи аналитички техники кои се користат во истражувачките лаборатории за анализа на материјата. Од студентите се очекува да го подобрат своето знаење за теоретските аспекти, дизајнот и функционирањето на голем број инструменти кои се користат при анализа на физичките величини кои ја опишуваат материјата. Студентите ќе развијат аналитичко размислување преку препознавање и разбирање на предностите и недостатоците на инструменталните методи што се користат во зависност од материјалот кој се истражува.

11. Содржина на програмата:

Теоретски аспекти на физичките методи за анализа на материјалите: сепарација, квалитативни и квантитативни оптички спектроскопски техники, масена спектрометрија, електроаналитички техники и површинска анализа, хроматографски, флуорометриски и електрохемиски методи. Вовед во принципот на работа и дизајнот на инструментите, подготовка на примероци од органски и неоргански материјали, квантитативна анализа, чувствителност и граница на детекција при мерење на физичките величини на супстрати, тенки филмови, течности, биолошки материјали, храна итн. Методи за тестирање при анализа на траги и откривање на резидуи, откривање на загадување и идентификација на непознати супстанции. Принципи на следливост, детектабилност и доверливост на резултатите. Запознавање со напредни аналитички инструменти или комбинација на техники, протоколи за тестирање според стандардни методологии (ISO, EN, BS, ASTM, DIN, итн.) со цел развивање на приспособени аналитички методи и валидација на методите за тестирање. Примена на методите за мерења во различни области: физика, технологија, електроника, физика на животна средина, безбедност на храна и соодветни индустриски апликации.

12. Методи на учење:

Предавања, електронско учење, тимска работа, семинарски работи, презентации

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) E
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) C
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Изработка и презентирање на проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

Број

Автор Наслов Издавач Година
1. Alice Groysman Modern Analytical Techniques: Methods and Separation Alexis Press LLC 2019
2. Kelly Morrison Characterisation Methods in Solid State and Materials Science IOP Publishing 2019