Обновливи извори на електрична енергија

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Обновливи извори на електрична енергија

2.    Код

3ФЕИТ04Л014

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Димитар Димитров

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.  Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни инженерски знаења за процесите на генерирање на енергија кај системите што користат различен вид на обновлива енергија. Запознавање и основно димензионирање на системите што користат ОИЕ. Оспособување за идентификација на исплатлива примена на ОИЕ.

11. Содржина на програмата: Категоризација на изворите на енергија. Состојба, застапеност и трендови на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Климатски промени. Карактеристики и статистички параметри на енергијата на ветерот. Карактеристики и статистички параметри на енергијата на ветерот. Карактеристики и статистички параметри на енергијата на ветерот. Ветерни турбини и ветерни електрични централи. Системи за искористување на биомасата. Создавање на биогас и негово искористување. Искористување на геотермалната енергија. Основни карактеристики на малите хидроелектрични централи. Искористување на енергијата на брановите и процесите на прилив и одлив. Карактеристики на сончевото зрачење. Фотоволтаични системи. Системи за конверзија на сончевата енергија во топлина и во електрична енергија Системи за акумулирање на енергија. Мерки за поддршка на ОИЕ. Економска анализа и исплатливост на ОИЕ.

12.  Методи на учење: Предавања со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, изработка домашни задачи. Теренска настава.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и изработка на домашни проектни задачи.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити во времетраење од 120 минути или писмен испит во времетраење од 120 минути. За студентите кои ги положиле парцијалните испити или испитот, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити или испитот или завршниот устен испит

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gilbert Masters Renewable and Efficient Electric Power Systems John Wiley & Sons Ltd. 2004

2

F. Zobaa, R. C. Bansal Handbook of Renewable Technology World Scientific Publishing Co. Pte. Ltd 2011

3

Б. К. Хоџ Алтернативни енергетски системи и примени Арс ЛАМИНА 2013

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gavin D. J. Harper Planning and Installing Micro Hydro Systems DGS/Berlin 2012

2

Planning and Installing Photovoltaic Systems DGS/Berlin 2008

3

J.F.Manwell Wind Energy Explained: Theory, Design and Application John Wiley & Sons Ltd. 2009