Palo Alto Networks

Објавено: јули 11, 2019

ФЕИТ e дел од академската мрежа на Palo Alto Networks, светскиот лидер во областа на безбедност на ИКТ системи. Главниот бизнис на Palo Alto Networks се напредни firewall – и дизајнирани за мрежна безбедност, видливост и грануларна контрола на мрежна активност базирани на идентификација на ниво на апликација, корисник или содржина. Компанијата произведува и решенија во облак со кои се прошируваат соодветните firewall – за да покријат и други аспекти на безбедност. 

Технологијата на Palo Alto Networks им е достапна на студентите на ФЕИТ, на модулот ТКИИ, во неколку предмети, како: Телекомуникациски мрежи, Сигурносни комуникации, итн.. Во рамките на лабораториските вежби, студентите се обучуваат да конфигурираат firewall – и да изработуваат пристапни листи на корисници, да прават соодветни забрани и дозволи во мрежи итн., односно практично да се запознаат со делокругот на работа на еден мрежен администратор. Лабораториските вежби следат предефиниран работен шаблон, специфициран од страна на Palo Alto Networks, со цел да се постигне најефикасно запознавање и работа со технологијата. За таа цел дел од колективот на ФЕИТ, Институтот за телекомуникации, помина официјален процес на школување и сертификација како Palo Alto Networks инструктор.