Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 6-Автоматика, роботика и системско инженерство (6-АРСИ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа автоматика, роботика и системско инженерство

Целта на студиската програма е да му овозможи на студентот продлабочување и втемелување на теоретски и практични знаења од областа Автоматика, роботика и системско инженерство. Со тоа студентот ќе има поголема флексибилност во инженерската практика и многу широк избор на работни места во сите дисциплини од автоматиката, која има како инфраструктурно исто така и интердисциплинарно значење. Користејќи ги овие знаења, студентите ќе бидат оспособени за креативно мислење, самостојна и тимска работа и за донесување одлуки на сите нивоа на одлучување.

Освен во подрачјата каде се среќава високо интегрирана автоматика, како енергетиката, металургијата, процесната индустрија, преработувачката индустрија, производната индустрија, сообраќајот, производството и обработката на храна, здравството и фармацијата, екологијата и други, со стекнатите компетенции магистрираните студенти имаат можност за работа и во интердисциплинарни подрачја, со што извонредно се раширува кругот на можни вработувања. Исто така, не помалку е важна можноста за работа и во развој, истражување и образование, како и можноста за надградување, доколку се определат за трет циклус на образование.

Истовремено, целта на оваа студиска програма е да се образуваат кадри со професионални компетенции препознатливи во земјата, регионот, во Европската унија и пошироко во светот.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ01009 Напредни системи на управување  3+3   180
4ФЕИТ01012 Современи мехатронички системи 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ01001 Автоматизација на згради 6 3+3  180 
4ФЕИТ01002 Автономни мобилни роботи 6  3+3  180
4ФЕИТ01003 Вештачка интелегенција 6  3+3  180
4ФЕИТ01004 Вмрежени системи за управување и управување во реално време 6 3+3 180
4ФЕИТ01005 Идентификација и естимација 6 3+3 180
4ФЕИТ01006 Интелигентно управување во современата роботика 6 3+3 180
4ФЕИТ01007 Компјутациона интелегенција 6 3+3 180
4ФЕИТ08007 Комплексни мрежи 6 3+3  180 
4ФЕИТ01008 Напредни ПЛУ интегрирани системи и индустриски Интернет на нештата 6  3+3  180
4ФЕИТ01010 Оптимално и робустно управување 6  3+3  180
4ФЕИТ07012 Податочна наука и машинско учење 6 3+3 180
4ФЕИТ01011 Превклучувачки динамички системи 6 3+3 180
4ФЕИТ05035 Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи 6 3+3 180
4ФЕИТ02020 Специјални електрични машини и нивно управување 6 3+3 180
4ФЕИТ05001 3D машински вид 6 3+3 180

Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ06 Истражувачки проект од областа на автоматиката, роботиката и системското инженерство 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 880