ECDL тест центар

Објавено: јули 3, 2020

ФЕИТ е првиот државен факултет во Македонија кој врши обука и полагање по програмата на ECDL/ICDL.
Сите студенти покрај дипломата од факултет можат да добијат и меѓународно признаен сертификат за познавање на компјутери и
компјутерски програми.

ECDL BASE сертификатот гарантира дека кандидатот е целосно компетентен за користење на персонален компјутер и работа со наведените апликации во сертификатот кои се полагаат.
За да се здобиете со него, потребно е да се положат четири (4) модули:

• Модул 1 Основи на компјутерот
• Модул 2 Основи за користење на интернет
• Модул 3 Обработка на текст
• Модул 4 Табеларни калкулации

ECDL STANDARD претставува потврда дека кандидатот е потполно компетентен за користење на компјутер
согласно со избраните модули.
За да се здобиете со него потребно е да се има ECDL BASE сертификат и да се положат два (4) модули плус:
• Модул 5 Користење на бази на податоци
• Модул 6 Презентации

ECDL PROFILE ги потврдува дигиталните вештини во согласност со образованието и професионалната ориентација на носителот на сертификатот.
Овој сертификат е флексибилен, така што на поединците и компаниите им нуди да го креираат својот профил на дигитални вештини што одговара на потребите и интересите.
За добивање треба да се положат првите 4 модул и минимум еден од другите според потребите.
Европската рамка за дигитални компетенции DIGCOMP препознава неколку различни форми ECDL Profile сертификат.
На сертификатот се наведени сите ECDL модули кои ги поминал сопственикот на сертификатот, без разлика дали е еден или повеќе, вклучувајќи и напреден модул.
Секој новостекнат модул се додава и се издава сосема нов ECDL Profile сертификат.

Напомена:
Цената за полагање по модул е 620 денари.
Услов за да може да се полагаат модулите е да се поседува соодветниот ECDL индекс.
Цените на индексот се стандардизирани:

• Цена за ECDL Start индекс потребен за полагање на модулите за ECDL BASE сертификатот изнесува 1860 денари.
• Цена за ECDL Core индекс потребен за полагање на модулите за ECDL STANDARD сертификатот изнесува 2294 денари.
• Цена за ECDL Profile индекс потребен за полагање на модулите за ECDL PROFILE сертификатот изнесува 2790 денари.

Дополнителни инфорамации може да добиете  на ecdlmakedonija.mk  и на cdu@feit.ukim.edu.mk