Статистика во SPSS

Објавено: февруари 27, 2023

Промотивна Цена: 150 / во денарска против вредност на две рати.

Статистиката е наука со која учиме од добиените податоци. Познавањето на статистиката ни помага: правилно да се соберат податоците кои ни се од интерес, да се изведе соодветен метод за анализа на веќе добиените податоци, и конечно добро толкување на добиените резултати. Статистиката е клучна за многу нови научни откритија, за носење правилни одлуки кои се базираат на податоци и за предвидување на текот на многу процеси.

Токму ова ја прави статистиката неопходна за развој и успешна работа во многу полиња. Во оваа обука слушателите ќе се запознаат со теоретските основите на статистиката: како правилно да соберат податоци, кои статистички алатки може да ги применат на податоците со кои располагаат и конечно како да ги протолкуваат добиените резултати. Освен теоретските знаења, кандидатите ќе имаат и практична работа во програмскиот пакет SPSS, една од најчесто користената алатка за статистичка обработка на податоци. Ќе научат како да ги внесат и уредат податоците во SPSS и како да ги обработат податоците.

Реализацијата на курсот ќе биде според следната програма која ќе се реализира во 21 часа.

 

Тема

Број на часови

Ден
Основни поими од статистика: Популација, примерок, обележје; статистички променливи; видови статистички променливи.

1 час

Ден 1
Запознавање со SPSS: Основни синтакси во SPSS; креирање и зачувување на податоци; креирање работен директориум;

рачно внесување на податоци; уредување на податоците; сортирање и спојување на податоци; креирање табели; уредување на табели; дефинирање променливи и нивен приказ.

2 часа

Автоматско внесување податоци: Вметнување податоци од Excel документ; користење на опцијата “Variable View” и “Data View”.

Форматирање табели: Дефинирање на променливи, тип на променливи и нивен приказ во SPSS.

1 час

Ден 2

Случајни променливи: Начин на задавање; распределби на случајни променливи од дискретен и непрекинат тип; нивен приказ во пакетот SPSS.

2 часа

Дескриптивна статистика: Пресметка на аритметичка средина, варијанса, мода, медијана, перцентили, квратили и нивно толкување.

Графички приказ на податоците во SPSS: Читање на информации кои се добиваат преку графичко претставување на податоците; креирање на хистограми и пити, и следење на распределба на променливите кои се прикажани преку хистограмите; креирање на boxplot и scatterplot и читање на информациите за податоците кои се добиваат преку овој приказ.

3 часа

Ден 3

Креирање и пресметки на нови променливи: Користење на наредбите “Compute” и “Recode”; селектирање и бришење на случаи и подслучаи.

1 час

Ден 4
Основни резултати од веројатност: Гранични теореми; неравенство на Чебишев; централна гранична теорема.

Оцена на параметри: Метод на моменти, метод на максимална подобност.

1 час

Тестови за статистичка значајност и интервали на доверба: Пресметка на интервал на доверба за просек на популација, дисперзија и веројатност; тестирање хипотези; р-вредност; тестирање на зависноста помеѓу променливи од различни категории со користење на хи-квадрат тест; популација со еден земен примерок; тестирање на просек на популација преку t-тест; популација со земени два примерока и нивна визуализација; t-тест за независност на примероците.

3 часа

Ден 4 и ден 5

Корелација: Внесување на податоци за двонасочни табели (табели на контингенција) и нивна визуализација, тестирање дали податоците се зависни или независни; Pearson-oв коефициент на корелација.

1 час

Ден 5

Испитување дали примерокот следи нормална распределба: Q-Q plot; P-P plot; Kolmogorov-Smirnov тест; Shapiro-Wilk тест.

1 час

Ден 6
АНОВА тест: еднонасочен и повеќенасочен тест; дефинирање контраст.

1 час

Линеарна регресија: метод на предикција.

1 час

Непараметарски тестови: Wilcoxon тест. Избор на соодветен тест.

1 час

Ден 7
Повторување и пробен тест

2 час

По завшување на обуката е предвиден тест во траење од 2 часа.

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

  • Обуката ќе се изведува on-line преку софтверски платформи организирани од ФЕИТ/УКИМ и/или со физичко присуство во просториите на ФЕИТ. Изборот за начинот на реализација на обуката ќе биде направен во договор со слушателите.
  • Обуката (вкупен фонд од 21 часа) ќе се изведува концентрирано и рамномерно распределена во 7 дена.
  • Завршниот тест ќе се реализира во просториите на ФЕИТ и ќе трае 2 часа. (вкупното времетраење на курсот, обуката и завршното тестирање е 21 часа).
  • Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат „Сертификат за успешно завршена обука по Статистика во SPSS“.
  • Целна група се сите заинтересирани физички лица за стекнување нови професионални вештини oд статистика во програмскиот пакет SPSS.