Електроенергетски системи (3 -ЕЕС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 03-Електроенергетски системи (03-ЕЕС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа електроенергетски системи

Целта на студиската програма е образување на кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од електроенергетската индустрија, пред се во рамките на компаниите за пренос, дистрибуција, трговија и снабдување со електрична енергија. Истовремено, постои можност за нивна вклученост во јавната администрација, каде полето на работа е поврзано со ЕЕС, но и во консултантски, проектантски и производни компании. Сегашните состојби во електроенергетските компании укажуваат на постојана потреба од квалитетни кадри способни да се вклучат во современите текови и да одговорат на барањата на различните сегменти од стопанството. Реструктуирањето и промените во електроенергетскиот сектор кои што се одвиваа во изминатиот период покажуваат дека квалитетните кадри се најважниот сегмент за успешно изведување на овој процес.

Студиската програма е развиена во согласност со критериумите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Оваа студиска програма е конципирана врз искуството во изведувањето на наставата на слични студиски програми во минатото, од нивното постојано унапредување и од континуираната соработка со стопанството.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ09011 Работа и управување на електроенергетски системи 3+3 180 
4ФЕИТ09009 Програмски алатки и нумерички библиотеки во ЕЕС 6 3+3 180
  Изборен наставен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен наставен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен наставен предмет 3 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд  
4ФЕИТ09001 Анализа на сложени заземјувачки системи 6 3+3 180
4ФЕИТ09002 Високонапонски преносни системи на еднонасочна струја 6 3+3 180
4ФЕИТ09003 Динамички процеси во ЕЕС 6 3+3 180
4ФЕИТ08004 Дискретна математика 6 3+3 180
4ФЕИТ06001 Електрични и хибридни возила 6 3+3 180
4ФЕИТ12003 Енергија и климатски промени 6 3+3 180
4ФЕИТ09005 Интеграција на производството од обновливи извори на енергија во електроенергетските системи 6 3+3 180
4ФЕИТ09006 Квалитет на електричната енергија во ЕЕС 6 3+3 180
4ФЕИТ09007 Mеханизми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 6 3+3 180
4ФЕИТ09008 Напредни методи за планирање на ЕЕС 6 3+3 180
4ФЕИТ09010 Проектирање на паметни електрични инсталации и ефикасност кај системите за електрично осветление 6 3+3 180
4ФЕИТ09012 Развој на интелигентни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ09013 Регулатива во енергетиката 6 3+3 180
4ФЕИТ09014 Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС 6 3+3 180
4ФЕИТ09015 Функции на следење и управување на дистрибутивните системи 6 3+3 180
4ФЕИТ09016 Функционирање на пазарите на електрична енергија 6 3+3 180

Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ03 Истражувачки проект од областа електроенергетски системи 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720