Инфо сесија Стартапувај #3

Датум на настан: 25.05.2021

ПОКАНА ЗА

презентација на инструментот за поддршка –

Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин -оф на Фондот за иновации и технолошки развој

 

Фондот за иновации и технолошки развој, Ве поканува на презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин -оф.

Целта на поддршката е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување  на финансиска подршка за  истражување и развој како и да се поттикне културата на превземање на ризик и воведување на  иновации .

На овој инструмент  имаат можност да аплицираат и проектни тимови од максимум 5 лица.

Апликантот односно проектниот тим  е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво.

Инструментот подржува проекти кои се во фаза на потврден концепт и јасна амбиција за комерцијализација .

Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за компании кои не надминуваат 1,000,000 евра  во денарска противвредност , според финансиски извештаи за предходните две  фискалани години и просечен број на вработени да не надминува 250 вработени  и тоа :

  • до 90% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење до моментот на аплицирање или за проекти поднесени од страна на проектен тим но не повеќе од 40.000 евра
  • до 85% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва над 3 а помалку од  6 години  постоење до моментот на аплицирање но не повеќе од 60.000 евра

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:

https://fitr.mk/startapuvaj3

Topic: Инфо сесија ,,Стартапувај 3‘‘ – Факултети

Time: May 25, 2021 11:00 AM Warsaw

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/82583638184

Meeting ID: 825 8363 8184

Passcode: 435943А