Подготвителна настава по предметите математика, физика и информатика

Датум на настан: 14.09.2021

За студентите запишани во прва година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје во учебната 2021/2022 година се организира бесплатна подготвителна настава по предметите: математика, физика и информатика.
Подготвителната настава:
– опфаќа 20 школски часа за секој предмет посебно,
– започнува на 14 септември 2021 година, според однапред утврден распоред што ќе биде објавен на веб страницата на Факултетот,
– ќе се одржува on-line преку Zoom платформата.