На 20 мај 2025 во 12:30 h во Салата за конференции на ФЕИТ се организира презентација на можностите за стипендии кои ги нуди ОКТА АД СКОПЈЕ за студентите од последната година на студии на студиските програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетика и проектен менаџмент (ЕЕПМ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР), како и за студентите запишани во прва година на втор циклус студии на слични студиски програми.
На презентацијата студентите ќе имаат можност да се запознаат и да поразговараат со Зафир Спировски, менаџер на технички оддел, во однос на можностите за студентите на ФЕИТ во ОКТА, додека делот за стипендиите ќе го презентира Катерина Вељановска Михаилов, раководител за корпоративна општествена одговорност.
За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm. Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2025 година.