ЈКП Пролетер – Општина Ресен
Домакин: ЈКП Пролетер Ресен, партнер бр.3 во проектот “Мониторинг во реално време и откривање и намалување на истеци во водоснабнителните мрежи“ SmartWaterSave од програмата INTERREG IPA Cross Border Cooperation Programme CCI 2014 TC 16 I5CB 009”.
Дата: 23.03.2021 година
Место: видео конференција преку платформата Zoom
Третиот состанок на проектот „ SmartWaterSave беше организиран од ЈКП Пролетер Ресен и се одржа во вторник, 23.03.2021 преку платформата за видео конференции Zoom. На состанокот присуствуваа и сите останати партнери:
- Општина Преспа [партнер бр. 1],
- Универзитетот Аристотел од Солун [партнер бр. 2],
- Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје [партнер бр. 4].
На состанокот беше присутна и г-ѓа Коулиали, претставник на Генералниот секретаријат на програмата. Парнерите преку презентации ја образложија досегашната работа на проектот, како и идните планови. Нагласени беа сериозни отстапувања од плановите поради пандемијата Ковид-19, меѓутоа се постигна согласност дека оставарувањето на зададените обврски ќе биде забрзано во периодот што следи. Наредниот состанок на проектот ќе биде на крајот на месец мај кога се очекува да бидат спроведени поголемиот дел од обврските.