Лабораторија за оптички комуникации

Лабораторијата за оптички комуникации е воспоставена и опремена во рамките на „Програмата за опремување на лабораториите на државните високообразовни установи и јавните научни установи“ на Владата на Република Македонија во 2011. година. Раководител е проф. д-р Борислав Поповски.

Лабораторијата за оптички комуникации

Покрај наставно – образовната дејност од областа на оптичките комуникации и мрежи, Лабораторијата се користи и во истражувачки цели, а резултатите од овие истражувања се презентирани на домашни и меѓународни работилници и конференции.

Лабораторијата е акредитирана во рамките на Инспекциското тело за електротехнички уреди, инсталација и опрема на ФЕИТ за следните мерни постапи: мерење на слабеење на оптички линк со OTDR, според стандардот МКС EN 60793-1-40:2009, мерење на хроматска дисперзија на оптички линк, според стандардот МКС EN 60793-1-42:2009 и мерење на поларизациска дисперзија на оптички линк, според стандардот МКС EN 60793-1-48:2009.

Корисници на услугите на Лабораторијата за оптички комуникации се телекомуникациските и кабелските оператори, и други провајдери на комуникациски мрежи и услуги кои имаат потреба од проверка на карактеристиките на нивната оптичка инфраструктура. Резултатите од мерењата им користат при воведувањето на нови технологии со цел зголемување на капацитетот и овозможување поголеми податочни брзини до крајните корисници.

Лабораторијата располага со следната опрема: мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB-1 со FTB-730 оптички рефлектометар; мултифункционална модуларна платформа EXFO FTB-500 со FTB-5240 S оптички спектрален анализатор, FTB-5800 анализатор на хроматска дисперзија, FTB-5500B анализатор на поларизациска дисперзија, извор на светлина FLS-5 834A во C и L оптички опсег, FVA-600 – Атенуатор и Sumitomo Splicer T-39LC.