Лабораторија за соларна енергетика

Соларната енергетика на ФЕИТ се негува повеќе од четири децении. Како резултат на континуираното ангажирање и активностите за етаблирање на оваа област, во 2002. година е формирана и опремена Лабораторијата за соларна енергетика. Основач и долгогодишен раководител на Лабораторијата е проф. д-р Кирил И. Коцев, а од 2015. год., раководител е проф. д-р Димитар Димитров. Лабораторијата за соларна енергетика делува во рамките на Институтот за електрични централи и разводни постројки.

Основна намена на Лабораторијата е изведување на научно – истражувачка работа и лабораториски вежби по предмети од областа на фотоволтаичните системи на трите циклуси студии.

Покрај овие активности, Лабораторијата овозможува демонстрација на можностите на фотоволтаичните системи, тренинг и едукација за проектирање и инсталирање фотоволтаични системи, испитување компоненти и комплетни фотоволтаични постројки во реални услови.

Платформа за поставување на фотоволтаични модули

Мерно – управувачки ормар

Формирањето на Лабораторијата за соларна енергетика беше единствено можно благодарение на безрезервната материјална и финансиска поддршка од повеќе стопански субјекти, и тоа: А. Д. Македонски телекомуникации, Електротехнички факултет (сега ФЕИТ), Машински факултет – Скопје, А. Д. ФАКОМ – Скопје, А. Д. Раде Кончар – Скопје, А. Д. Алумина – Скопје, А. Д. Пелагонија – Скопје, ЈСП – Скопје, П. П. Технопродукт – Гевгелија, П. П. Практика МС – Скопје и други.

Лабораторијата е опремена со инструментација за мерење и аквизиција на сончевото зрачење и други метеоролошки параметри, како и со инструментација за следење на параметрите на фотоволтаичните системи во реални услови.