Студиска програма: 15-Метрологија и менаџмент на квалитет (15-ММК) Траење: 1 година Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство. Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа метрологија и менаџмент на квалитет Целта на ова студиска програма е да овозможи едукација на магистри, оспособени за потребите на индустријата со соодветни познавања опфатени со програмата метрологија и менаџмент на квалитет. Тие ќе бидат оспособени за брзо и ефикасно решавање на најразлични проблеми од доменот на метрологија, контрола на квалитет, сензори и преобразувачи, компјутеризирани мерени системи и примена на виртуелна инструментација. Поконкретно, оваа студиска програма им овозможува да се здобијат со следните компетенции: Студиската програма е развиена на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за магистри од оваа област, кои овозможат успешно вклучување во пазарот на трудот и претставуваат основа за понатамошно образование и следење на технолошкиот развој во оваа област. Како што покажуваат досегашните искуства на магистрите од оваа студиска програма, по завршувањето, тие се подготвени да одговорат на барањата на различните сегменти од областа на метрологија и менаџмент на квалитет, но и да го продолжат своето образование на трет степен на студии, како во земјава, така и на врвни универзитети во Европа и Светот. Магистрите по метрологија и менаџмент на квалитет особено може да придонесат во научно-истражувачката и наставната дејност на универзитетите, научните институти, истражувачките центри и лаборатории, како и во индустријата.
Семестар 2
Задолжителни предмети
Код
Предмет
Кредити
Неделен фонд на часови
Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ15
Истражувачки проект од областа на метрологијата и менаџмент на квалитет
6
0+6
180
4ФЕИТ00
Магистерски труд
24
720
Вкупно
30
900