Наменски компјутерски системи (7-НКС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 7 – Наменски компјутерски системи (7-НКС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа наменски компјутерски системи

Наменските и вградливите компјутерски системи претставуваат комбинација на хардвер и софтвер чија цел е да се контролира уред, процес или комплетен систем. Во основа комбинацијата од хардвер и софтвер претставува систем кој е наменски проектиран за одредена апликација, дел од апликација или како дел од поголем систем. Наменските компјутерски системи вклучуваат целосен микропроцесор искористен како модул вметнат во друг поголем систем, уред или машина. Ваквите системи се користат за контрола, помагање или набљудување на работата на целосна „машинерија“, опрема или пак фабрика.

Значењето на наменските компјутерски системи расте континуирано. На пример: во 2010 година постоеле и во практична употреба биле над 16 милијарди вакви уреди во целиот свет, а предвидувањата прогнозираат  дека бројот на овие уреди за само петнаесетина години се очекува да се зголеми на неверојатни 80 милијарди. Со други зборови, за секој жител на планетава би постоеле по множество вакви уреди.

Вториот циклус на студии по Наменски компјутерски системи (НКС) има за цел да образува врвни кадри во делот на проектирање, реализација и примена на комплетни хардверски и софтверски наменски системи во сите можни подрачја на примена. Кадрите што одовде ќе произлезат ќе бидат оспособени рамноправно да се носат на светско ниво со своите колеги, а во опредлени аспекти и да доминираат.

По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе се стекнат со следните компетенции и способности:

  • да имплементираат проектни техники и за хардвер и за софтвер за наменски компјутерски системи;
  • да проектираат и реализираат наменски вградливи компјутерски системи во целина – хардвер и софтвер;
  • да проектираат и реализираат наменски софтвер за постојни системи;
  • да проектираат и реализираат наменски хардвер за постојни системи;
  • да следат и активно да учествуваат и да ги подобруваат актуелните истражувања во ова подрачје;
  • да бидат оспособени за вклучување и водење на тимови во актуелни интердисциплинарни и специфични подрачја на примена.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ07017 Техники за дизајн на наменски компјутерски системи 6 3+3 180
4ФЕИТ07013 Пресметувања со високи перформанси 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ07002 Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи 6 3+3 180
4ФЕИТ07007 Наменски и современи компјутерски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ12013 Техники за HDL проектирање и FPGA реализација 6 3+3 180
4ФЕИТ12006 Наменски процесори 6 3+3 180
4ФЕИТ07009 Напредни концепти од оперативни системи 6 3+3 180
4ФЕИТ12009 Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ07014 Пресметување во облак и платформи 6 3+3 180
4ФЕИТ07015 Складишта и наменска обработка на податоци 6 3+3 180
4ФЕИТ11004 Моделирање и симулација – проценка на перформанси
6 3+3 180
4ФЕИТ11002 Когнитивно пресметување во ИКТ 6 3+3 180
4ФЕИТ11006 Системи за дигитални трансакции 6 3+3 180
4ФЕИТ07001 Амбиентална интелигенција и паметни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ07005 Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ07016 Стандарди и протоколи за Интернет на нешта
6 3+3 180
4ФЕИТ10020 Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ08004 Дискретна математика 6 3+3 180
4ФЕИТ11007 Теорија на кодирање со контрола на грешки 6 3+3 180
4ФЕИТ08018 Основи на статистичко моделирање 6 3+3 180
4ФЕИТ07008 Напредни концепти на виртуелизација и DevOps 6 3+3 180
4ФЕИТ07010 Напредни стандарди за складирање и обработка на податоци 6 3+3 180

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ07 Истражувачки проект од областа на наменски компјутерски системи 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерска труд 24 720
  Вкупно 30 900