Интернет на нешта

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Интернет на нешта
2. Код 4ФЕИТ07005
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН, 9-ВМС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Марија Календар
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на курсот е запознавање со технологиите и архитектурите од областа на Интернет на нешта.  По завршување на курсот студентите ќе ги познаваат концептите за Интернет на нешта и ќе работат, дизајнираат, анализираат системи за работа со Интернет на нешта: проектирање на уреди, поврзување на уреди, протоколи на апликациско ниво, рутирачки протоколи, и соодветна безбедност во овие системи. Студентите ќе се оспособат за користење на научените концепти во најразновидни домени на примена: паметни околини, индустриски и домашни мрежи од уреди, како и примена во сензорски и актуаторски мрежи. Исто така, студентите ќе бидат оспособени за запознавање и разбирање на соодветни IoT бизнис аспекти и бизнис модели и нивна примена.

11. Содржина на програмата:

Поимот Интернет на нешта (Interent of Things) ја опишува еволуцијата од мрежи кои едноставно поврзуваат дигитални информации, кон мрежи во кои дигиталните информации се поврзуваат со физички уреди од реалниот свет. Интернет на нешта  ги опфаќа сите објекти, места, нешта, продукти и корисници кои се поврзани кон глобална мрежа и можеби опремени со сензори. Во курсот ќе бидат опфатени сите концепти на подрачјето Интернет на нешта вклучувајќи ги бизнис потребите за развој на ова подрачје и неговата примена, како и улогата на потребните технологии за негова поддршка (сензори, RFID, NFC, EPC архитектури). Технологии за Интернет на нешта: Безжични IP мрежи и архитектури; Архитектурни слоеви на Интернет на нешта системи; Дизајн на паметни уреди и архитектури; „Лесни“ IP мрежни протоколи; Поврзување паметни објекти и „многу-мали-нешта“ кон Интернет; Комуникации во повеќе-скокови (multi-hop) и mesh мрежно поврзување; Low power and Lossy Networks (LLN); Вградливи Web сервиси и Web of Things; Аспекти на безбедност во IoT мрежи и системи; Разновидни подрачја и индустрии на примена: паметни домови, паметно задравство, паметни комуникации, паметни градови, примена во индустрија. Предизвици поставени пред безбедноста и приватноста на учесниците и корисниците на Internet of Things. Сите аспекти на приватност и безбедност, од најниско хардверско ниво до апликациско ниво. Бизнис аспекти на Internet of Things. Влијанието на користените технологии за дефинирање на бизнис вредности за фино набљудување и управување со бизнис процеси преку IoT технологии. Запознавање и разбирање на соодветни потенцијални бизнис модели и нивна примена во специфични конкретни проекти.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот

Испитот се состои од два дела (може да се полагаат како парцијални испити). Прв парцијален ипит или теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин) и Втор парцијален испит/практичен дел: Изработка и одбрана на самостојна практична проектна задача.  За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. O. Hersent, D. Boswarthick, O. Elloumi The Internet of Things: Key Applications and Protocols, 2 edition Wiley 2012
2. D. Uckelmann, M. Harrison, F. Michahelles Architecting the Internet of Things Springer 2011
3. Milenkovic Internet of Things: Concepts and System Design Springer 2020
23.2.            Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Jean-Philippe Vasseur, Adam Dunkels  Interconnecting Smart Objects with IP: The Next Internet, 1 edition  Morgan Kaufmann  2010
2.  Samuel Greengard  The Internet of Things (MIT Press Essential Knowledge series)   ‎ The MIT Press  2015