Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ден 2 на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ– првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија.
Настанот е осмислен да ги поттикне младите таленти да ја истражат иднината на информациско – комуникациските технологии преку практична работа, креативност и тимска соработка. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи концепти од областа на:
- Интернет и мрежи
- Веб технологии и AI
- Сајбер безбедност
Во текот на хакатонот, учесниците ќе работат со ментори од ФЕИТ, креирајќи иновативни решенија инспирирани од реални предизвици во телекомуникацискиот сектор. Хакатонот има за цел да ја разбуди љубопитноста и да ги мотивира младите да ја градат својата иднина во техничките науки.
Хакатонот се одржува во три дела, секој во траење од по три часа, и тоа:
- 12 декември 2025 во 12:00 часот
- 3 март 2026 во 12:00 часот
- 8 мај 2026 во 12:00 часот
Учесниците на победничкиот тим на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ добиваат едногодишни стипендии за студирање на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство, на ФЕИТ.
Професорот од средното училиште кој ја формира екипата, како и сите учесници во тимот, добиваат плакети од ФЕИТ за освоена прво, второ и трето место на хакатонот.
Сите тимови како и професорите од средното училиште што го формирале тимот добиваат благодарници од ФЕИТ за учеството на хакатонот во 2025/2026 година.
На ден 2 (кој ќе се одржи на 3 март 2026 со почеток во 12:00 часот) на хакатонот ТелеХак@ФЕИТ 2026 ќе учествуваат сите тимови кои учествуваа и на ден 1 од хакатонот.


