INITIATE: Поддржување на европско истражување и иновации преку соработка и институционална реформа

Последна измена: септември 6, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии е партнер во новиот проект INITIATE. Координатор на проектот е Факултетот за машинство и бродоградба од Универзитетот во Загреб. Проектот со буџет од €4.5M е финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската комисија Horizon Europe, во рамки на повикот HORIZON-WIDERA-2023-ACCESS-03-01: European Excellence Initiative.

За проектот

Целта на проектот INITIATE е да овозможи институционална реформа во високообразовните институции, со цел подобрување на нивните капацитети за истражување и развој. Во рамки на проектот ќе биде развиен пристап за институционална трансформација кој води сметка за институционалните потреби, достапните ресурси, националните услови и можностите за потенцијална соработка со други институции и екосистеми. Процесот подразбира имплементација на лаборатории за истражување и развој, поддржани од едукативна платформа, сѐ со цел генерирање препораки за стимулирање на истражувањето и развојот во земјите партнери во проектот. Пристапот ќе биде демонстриран во Хрватска, Португалија и Северна Македонија, со што ќе се развие патоказ за мерките што се потребни за долгорочно подобрување на условите за истражување и развој во земјите од интерес и формирање на Алијанса за зелена енергетска транзиција со цел да се овозможи долгорочна одржливост на  INITIATE резултатите.

Партнери

Конзорциумот на проектот INITIATE се состои од 14 организации од 11 земји од Европа и Африка:

  • Универзитет во Загреб – Факултет за машинство и бродоградба (координатор)
  • ESEIA, Австрија
  • Кипарски Институт, Кипар
  • Јожеф Штефан Институт, Словенија
  • Национален Универзитет за радиоелектроника во Харков, Украина
  • Brain Information Technologies, Хрватска
  • B1 Media, Хрватска
  • Универзитет Мохамед Премиер 1, Мароко
  • Институт за нуклеарна наука – Винча, Србија
  • Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Северна Македонија
  • Јавно претпријатие Електростопанство на Босна и Херцеговина, Босна и Херцеговина
  • Универзитетски институт во Лисабон, Португалија
  • Политехнички национален универзитет Лавов, Украина
  • Универзитет Трансилванија од Брашов, Романија