Подготвителна настава од Математика, Физика и Програмирање

Објавено: август 26, 2025

                                                                                                                                 

                                       

                                        ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

                       ОД МАТЕМАТИКА, ФИЗИКА И ПРОГРАМИРАЊЕ           

 

Драги идни студенти,

за полесен и поуспешен почеток на студиите, ФЕИТ и оваа година организира подготвителни курсеви:

  • Математика: 15–22 септември
  • Физика: 15–22 септември
  • Програмирање (Code@FEIT): 23–29 септември

Секој курс трае по 20 часа и ѓи опфаќа најважните теми од средношколската програма на соодветните предмети.

  • Пријавувањето трае до 11.09. преку пополнување на формата на следниов линк: https://forms.gle/9HhCX5DKZf15SqMK7
  • Цена: 2500 денари по курс
  • Распоредот ќе биде дополнително објавен на веб страната на факултетот.

За прашања:

  • podgotvitelna_matematika@feit.ukim.edu.mk
  • fizika@feit.ukim.edu.mk
  • codeatfeit@feit.ukim.edu.mk

Темите кои ќе се обработуваат се:

Математика:

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Тема 6

 

Алгебарски изрази. Полиноми. Комплексни броеви Линеарна, квадратна функција. Апсолутна вредност Експоненцијална и логаритамска функција. Прогресии Тригонометриски функции Тригонометриски равенки и неравенки. Трансформација на графици Аналитичка геометрија. Планиметрија и стереометрија
3 часа 3 часа 3 часа 4 часа 4 часа 3 часа

 

Физика:

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Тема 6

 

Физички величини и единици.

Кинематика на материјална точка.

Динамика.

Динамика на вртливо движење.

Механика на флуидите.

Механички осцилации и бранови.

Основи на молекуларно-кинетичка теорија и термодинамика. Светлински појави. Атомска и нуклеарна физика.
3 часа 4 часа 4 часа 3 часа 3 часа 3 часа

 

Основи на програмирање (Code@FEIT)

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Запознавање со Java.

Вовед во основните концепти на програмирање

Типови податоци, константи и променливи

 Запознавање со оператори и операции

Запознавање со структурите за избор и концепт на функции/методи Запознавање со структури за повторување и подетална работа со функции. Запознавање со низите како податочни структури;

Алгоритми за сортирање.

Користење на научениот материјал за решавање на

практични проблеми.

4 часа 4 часа 4 часа 4 часа 4 часа

 

Детали за уплата:

  • Цел на дознака:
  • за подготвителна настава по математика или
  • за подготвителна настава по физика или
  • за Code@FEIT 2025

Кандидатите при пријавувањето треба ја да прикачат уплатницата за соодветниот курс(еви).

 

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за математика и физика

Институт за компјутерски технологии и инженерство