Посета на ФЕИТ од експертски тим на СИМЕНС

Објавено: октомври 15, 2021

На 14 октомври 2021 во посета на факултетот беше експертски тим од светски реномираната компанија СИМЕНС и од Сискон – Скопје како овластен застапник кај нас. Целта е поинтензивно да продолжи соработката со факултетот во донирање опрема за разни лаборатории и за потребите на студентите во наставниот програм, а секако достапни и за инжинерите од разни фирми во земјата. Договорена е донација во лабораторијата за релејна заштита на најсовремена опрема и дигитална платформа со панел и уред од најновата програма на заштита СИПРОТЕК 5, со цела придружна софтверска и мерна подршка. Договорена е одредена динамика на активности во реализација во што е вклучена и тренинг програма од експерти за обука со опремата. Ова претставува само почетна иницијатива за понатамошна соработка во опремување со најсовремени технолошки решенија од програмата на СИМЕНС во електроенергетскиот сектор и информатичко комуникацискиот дел.