Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите (ИЦЕОР-МАНУ) и Факултетот за електротехника и информациски (ФЕИТ) потпишаа меморандум за соработка во кој ја изразија својата желба за взаемна соработка во областа на енергетиката и одржливиот развој, како и во други области од заеднички интерес, со цел унапредување на своите научноистражувачки и апликативни дејности. Меморандумот го потпишаа проф. Зоран Хаџи-Велков, дописен член на МАНУ и раководител на ИЦЕОР, и проф. Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ. Соработката меѓу МАНУ и ФЕИТ и досега беше на исклучително високо ниво, но со овој меморандум се отвора можност за уште подлабока размена и искористување на научните и стручните кадровски потенцијали, материјално-техничките и просторните услови со кои располагаат двете организации. Потпишувањето на меморандумот беше дел и од првата т.н. лабораторија во рамките на Horizon Europe проектот INITIATE во кој ФЕИТ е суштински партнер со голема поддршка од МАНУ.