Потребни документи за запишување на примени кандидати во учебната 2025/2026

Последна измена: септември 3, 2025

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година ќе се врши на 4.9 и 5.9.2025 година во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот со доставување на следните документи:

1. Индекс
2. Студентска легитимација
3. Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm
4. Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на денот на упис)
5. Електронски образец за статистика ВОИ.20 –  поставен на платформата www.uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави до одделението за студентски прашања.

6. Потврда за уплатени 750,00 ден. за информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:

      Депонент: НБРМ

      Трезорска сметка: 100000000063095

      Cметка на буџетски корисник: 160010368978818

      Повикување на број: 723012, програма 41

7. Потврда за уплатени 100,00 ден. за трошоци за запишување и заверување на семестар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв семестар.

      Депонент: НБРМ

      Трезорска сметка: 100000000063095

      Cметка на буџетски корисник: 160010368978818

      Повикување на број: 723019, програма 41

 

8. Потврда за уплатени 1700,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со назнака за набавка на материјални ресурси за реализација на студиска програма:

       Депонент: НБРМ

       Трезорска сметка: 100000000063095

       Cметка на буџетски корисник: 160010428678814

       Повикување на број 723012, програма 41

       Со назнака: материјални трошоци

 

9..ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА (ПАРТИЦИПАЦИЈА)
Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

Депонент: НБРМ
Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број: 723012, програма 41

Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ
10. ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ (ШКОЛАРИНА)
Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:
Депонент: НБРМТрезорска сметка: 100000000063095 Трезорска подсметка: 160010428678814   

  Повикување на број: 723012, програма 41     

Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ


*Државна квота: број на кредити х 205,00 ден. или квота со кофинансирање: број на кредити х 410,00 ден.