Предавање на проф. Матјаж Гамс – Институт Јожеф Стефан, Словенија

Датум на настан: 09.06.2025
Во понеделник, 9ти јуни 2025 во 12:00 часот во Салата за состаноци ќе се одржи предавањето на проф. Матјаж Гамс од Институтот „Јожеф Стефан“, Љубљана, Словенија, на тема „Superintelligence is coming – how and when?“. 

Повеќе информации за предавањето и предавачот се дадени на следниот линк.

Предавањето е во организација на ФЕИТ, ФИНКИ и македонската секција на ИЕЕЕ преку нејзините оддели: Здружениот оддел за процесирање на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP/EMB), Здружениот оддел за кола и системи, компјутациона интелигенција и системи за управување (CAS004/CIS011/CS023), Одделот за компјутери (C16), Здружениот оддел за електронски компоненти, инструментација и мерења, полупроводнички кола (ED/IM/SSC), Афинитетната група на доживотни членови на ИЕЕЕ, (LM80077), Здружениот оддел за индустриска електроника/индустриски апликации/енергетска електроника (IE013/IA034/PEL035), Одделот за едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), Одделот за телекомуникации (COM19) и Одделот за теорија на информации (IT12), како и Асоцијацијата ИКТ-АКТ и проектите EuroCC2 и ChatMED.