Пријавувањето на кандидатите за упис на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2025/2026 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12.30 до 14.30 часот во период од 1.10 до 15.10.2025 година.
Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот (системот е веќе отворен) .
Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето. Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.
Потребни документи за пријавување:
- Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки),
- Куса биографија (CV),
- Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
- Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
- Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
- Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
- Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава)