Проф. д-р Христијан Ѓорески прогласен за најдобар научник во техничко-технолошките науки за 2024 година на УКИМ

Објавено: ноември 11, 2025

По повод 10. ноември – Светски ден на науката за мир и развој од Обединетите нации –  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), ги додели наградите за најдобри научници и уметник за 2024 година.

Со особена чест и голема гордост објавуваме дека нашиот колега Христијан Ѓорески од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) е прогласен за најдобар научник во подрачјето на техничко-технолошките науки за 2024 година.

Наградата му е доделена за врвни резултати во науката: значајни меѓународни публикации, иновативни истражувачки проекти и активно учество во развојот на академската заедница. Овие достигнувања ја потврдуваат нашата заложба за одржување и унапредување на високите стандарди во ФЕИТ.  Со оваа награда, Христијан ја афирмира не само сопствената истражувачка кариера, туку и вредноста на ФЕИТ и на УКИМ како центар на техничко-технолошките науки.