Почитувани бруцоши,
Ви посакуваме топло добредојде на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во новата академска 2025/2026 година.
Распоредот на активности за следните денови:
1 октомври 2025 година (среда)
1. Прв академски час за сите студенти на УКИМ
почеток во 10:00 часот, на платото пред УКИМ кај споменикот на Св. Кирил и Методиј.
Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.
Програмата ќе опфати:
свечени обраќања,
културно-уметнички настапи,
информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“,
можности за вмрежување,
забавен дел.
*Покана во прилог
2. Прв академски час за студентите на ФЕИТ во 13:30 часот, – продолжуваме во АМФИТЕАТАР-от на ФЕИТ.ќе ве поздрави деканот на ФЕИТ проф. Владимир Атанасовски ќе ги доделиме индексите на студентите стипендисти ќе ги доделиме индексите на студентите по студиски програми
3. Дружба на сите студенти на техничкиот кампус
во 14:00 часот – ФСС ве поканува на КАФЕ ВО ДВОРЧЕ
– музика, дружба, и секако КАФЕ
2 октомври 2025 година (четврток)
Започнуваме со редовна настава по распоред кој ќе биде објавен денес на веб страницата на Факултетот ( во делот СТУДИИ/ПРВ ЦИКЛУС)
Распоредот по паралелки ќе биде објавен на истото место на веб страницата на ФЕИТ.
Срдечен поздрав,
Деканат на ФЕИТ