Студентски проект „Што дишеме?“

Објавено: јануари 28, 2026

                    

 

& FEIT4O2

Проектите „Што дишеме?“ и FEIT4O2 здружија дел од информациите што ги прибираат за состојбата со воздухот на ФЕИТ (надвор и внатре) како брзо инфо за вас на линкот:

https://thingspeak.mathworks.com/channels/3235190

Наскоро се навршуваат две години откако започнаа активностите на студентскиот проектШто дишеме?“ при Институтот за електроника. Носител на Проектот се студентите од студиската програма КХИЕ, под раководство на проф. д-р Јосиф Ќосев, а материјалните трошоци за компоненти и делови ги покрива одделот IMS при EPICS (Engineering Projects in Community Service) на инженерската организација IEEE.

За работата на проектот IEEE објави напис на следната Интернет страна: https://epics.ieee.org/blogs/students-in-macedonia-help-tackle-air-pollution/ ,

а студентите објавија и труд на конференцијата ЕТАИ.

Студентите изработија и поставија сензорски и дисплеј единици во седум средни училишта низ државата и една во ФЕИТ на Анексот. Сите единици практично без застој функционираат повеќе од една година. (Мали интервенции имаше во М. Пупин каде што беше отстранета неисправност на ETHERNET кабелче, во К. Неделковски – Велес каде што бил исклучен осигурувач и во РЈК-Скопје каде што беше изменета структурата на WiFi мрежата па беше додадено помошно рутерче.) Во тек е поставување сензорска единица во ОУ Петар Поп Арсов.

Со проблемот на загадувањето се занимава и проектот FEIT4O2 под раководство на проф. д-р Маре Србиновска, финансиран од ФЕИТ. Тековно проектот е насочен кон следење на параметрите на воздухот во внатрешноста на згради. Проектот има објавено и труд на конференцијата  SDEWES, поврзан со следењето на воздухот во просториите на ФЕИТ, а се подготвува и труд за списанието Energy Engineering.

Раководителите на проектите се согласија да издвојат дел од информациите што ги следат проектите (концентрации на ПМ10 честичките) и да ги направат достапни за сите студенти и колеги на факултетот. Целта е да se овозможi брз увид во состојбата со воздухот во кој што престојуваме и работиме, а во екстремни случаи и превземање чекори за заштита, како ставање маска или вклучување прочистувач

Приготвиле Ј. Ќосев и М. Србиновска