ТЕЛЕХАК@ФЕИТ – Првиот телекомуникациски хакатон за средношколци во Македонија

Датум на настан: 12.12.2025

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ТЕЛЕХАК@ФЕИТ – првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија.

Настанот е осмислен да ги поттикне младите таленти да ја истражат иднината на информациско – комуникациските технологии преку практична работа, креативност и тимска соработка. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи концепти од областа на:

  • Интернет и мрежи
  • Веб технологии и AI
  • Сајбер безбедност

Во текот на хакатонот, учесниците ќе работат со ментори од ФЕИТ, креирајќи иновативни решенија инспирирани од реални предизвици во телекомуникацискиот сектор. Хакатонот има за цел да ја разбуди љубопитноста и да ги мотивира младите да ја градат својата иднина во техничките науки.

Хакатонот ќе се одржи во три дела, секој во траење од по три часа, и тоа:

  • 12 декември 2025 во 12:00 часот
  • 6 март 2026 во 12:00 часот
  • 8 мај 2026 во 12:00 часот

Учесниците на победничкиот тим на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ добиваат едногодишни стипендии за студирање на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство, на ФЕИТ.

Професорот од средното училиште кој ја формира екипата, како и сите учесници во тимот, добиваат плакети од ФЕИТ за освоена прво, второ и трето место на хакатонот.

Сите тимови како и професорите од средното училиште што го формирале тимот добиваат благодарници од ФЕИТ за учеството на хакатонот во 2025/2026 година.

Пријавувањето е отворено за сите заинтересирани средношколци од сите градови во Македонија, при што секој тим со сите негови членови треба да биде пријавен или од професор во средното училиште, или од еден член на тимот. Големината на тимовите може да биде од 2 до 5 ученици. Едно средно училиште може да пријави и повеќе тимови.

Формата за пријавување на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ е достапна на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdserPtWZE_5nZqG7jCwb6ZsDtwQluRLVKw4xYOzg-mGufY0Q/viewform