Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми

Датум на настан: 16.03.2022

Град Скопје согласно своите заложби за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, и оваа учебна година по петти пат ја продолжува инцијативата за поврзување и непосредна комуникација меѓу универзитетите, факултетите и средните училишта. Целта на оваа иницијатива е да им се помогне на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции.

ФЕИТ  е дел од оваа иницијатива, која поради пандемијата Covid-19 и оваа година ќе се одржи on-line. Презентацијата на нашиот факултет ќе се одржи на 16.03.2022 година (среда) со почеток од 13 часот на следниот линк:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_YzYwYzZjMzUtYTY3OS00MjdmLTg3MmItNmM5MmM4NDQ4ZmUx%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%22253b39e1-d31d-4d8c-97af-ca5eb46de56e%22%2c%22Oid%22%3a%2283d0bd28-3ac7-4d1b-b697-d2ac93b25c4a%22%7d