Запишување на примените кандидати

Објавено: септември 18, 2025

 Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година ќе се врши на 22.9.2025 година во читалната на ФЕИТ од 12.00  до 12.30 часот со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Електронски образец за статистика ВОИ.20 –  поставен на платформата www.uslugi.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави до одделението за студентски прашања. Напомена: При пополнување на образецот за статистика ВОИ.20 во полето: „број на индекс“ се впишува бројот од електронската пријава 12xxxx)
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, ФЕИТ, на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41,
  • Потврда за уплатени 1700,00 денари.

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

      Цел на дознака: материјални трошоци

  • Уплата за школарина од 6.150,00 ден. (државна квота), односно 12.300,00 (квота со кофинансирање) на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2025/2026

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2024/25.

  Депонент: НБРМ

  Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41