Заврши Летната школа за мултимедиски технологии, оваа година насловена „Диоген 2.0 – Детекција на луѓе во затворен простор“. Школата организирана од Институтот за електроника се одржа во периодот од 25.09.2023 до 30.09.2023.
Во натпреварот учествуваа 16 студенти на додипломски и постсипломски студии, групирани во 6 екипи од по 2 или 3 члена. Во рамките на активностите на школата студентите се стекнаа со проширени теоретски и практични знаења во областите на мултимедиски технологии, машински вид и длабоко учење. Секоја екипа изработи своја верзија на невронска мрежа за детекција на луѓе и алгоритам за постпроцесирање на резултатите.
На последниот ден од школата беше организиран натпревар на кој студентите си ги одмерија силите. Алгоритмите беа тестирани на 6 видеоснимки во кои актери беа 6-те екипи на натпреварувачи. Натпреварот беше изедначен и победата неизвесна. Прогласувањето на победниците беше направено на 4 октомври, по што сите учесници, заедно со организаторите и предавачите, беа поканети на забава и неформално дружење во едно од локалните кафулиња.
Победници на натпреварот се Благоја Савевски, Иван Јовановски и Јован Стојковски. УРА за победниците!
На второ место со 3% разлика во точност се Тијана Петковска и Филип Бојаџиевски.
На трето место со разлика од 7% се Ана Софрониевска и Кристијан Данов.
Behind the scenes фотографии од текот на натпреварот и доделувањето на наградите погледнете овде.
Учесниците и организаторите на Летната школа Диоген 2.0
Победничката екипа на натпреварот: Благоја Савевски, Иван Јовановски и Јован Стојковски