Студентите кои сакаат да добијат потврда за редовен студент, што се приложува кон Барањето за слободен студентски билет во ЈСП, треба:
1. Да се најават на e-Kursevi
2. Да се запишат на курсот Студентска Служба
3. Од виртуелната училница Студентска Служба го симнат документот Урнек за барање за редовен студент
4. Да го пополнат Документот со своите податоци и да го снимат под името urnek_potvrda_redoven_student_xxx/2021, каде што ххх е бројот на индексот
5. Да се најават на sMail и да го испратат документот на адресата studentska_arhiva@feit.ukim.edu.mk (види упатство).
Потврдите може да се подигнат во читалната на ФЕИТ од понеделник, 4.10.2021 после 12 часот, најрано 24 часа по испраќање на пораката од студентот.