КОНКУРС за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии за студиска 2023/2024

Објавено: септември 20, 2023

Врз основа на потпишаната Спогодба за соработка помеѓу ЕВН Македонија АД, Скопје и Факултетот за Електротехника и информациски технологии – Скопје, се распишува конкурс за доделување стипендија за студентите запишани на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.

Со стипендирање на 3 (тројца)  студенти, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката, и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Факултетот за Електротехника и информациски технологии – Скопје.

Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, почнувајќи од 01.10.2023 заклучно со 31.07.2024, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Кој може да аплицира:

  • Редовни студенти запишани на додипломски студии на Факултетот за Електротехника и информациски технологии – енергетски насоки,
  • Студенти со постигнат висок успех, односно од прва до тековно запишаната студиска година да постигнале просечен успех од најмалку 8.00
  • Студенти кои положиле најмалку 80% од предвидените испити.
  • Студенти кои не се корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија;

Потребни документи за аплицирање:

  • Апликација за стипендија, формулар, подготвен од страна на ЕВН Македонија АД,Скопје
  • Потврда за редовен студент запишан во зимски семестар за студиската 2023/2024;
  • Уверение за положени испити и постигнат успех до датумот на аплицирање,
  • Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • Изјава за согласност за обработка и користење на лични податоци на кандидатот и неговото потесно семејство за цели на стипендијата.
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро инженер“

Напомена: Во случај на утврдување на неточни податоци, доставени од страна на апликантот / стипендистот, ќе дојде до прекин на стипендирањето и враќање на веќе доделените средства.

Начин и рок за аплицирање

  • Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk со назнака во subject: за стипендија,
  • Рок за аплицирање до 16.10.2023
  • Некомплетните апликации и апликациите пристиганти по крајниот рок нема да бидат прифатени
  • Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Оддел за Човечки ресурси и организација.