Потребни документи за запишување на примени кандидати во вториот уписен рок во учебната 2022/2023

Објавено: септември 23, 2022

Потребните документи треба да се достават на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Одделението за студентски прашања (на трети кат) на 26.09.2022 год. од 12 – 15 часот.

1.      Индекс
2.      Студентска легитимација
3.      Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm
4.      Образец A3 за запишување на семестар (дупли ) истиот треба да биде комплетно пополнет (пример за пополнување на документот)
5.      Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на денот на упис)
6.      Единечен статистички лист за запишување во 2022/2023 учебна година (ВОИ-20)
7.      Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:

Жиро сметка: 160010368978818

Депонент: НБРМ

Трезорска сметка: 100000000063095

Повикување на број: 723012, програма 41

8.      Потврда за уплатени 1400,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за материјални трошоци во I семестар:

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број 723012, програма 41

Депонент: НБРМ

Со назнака: трошоци за упис

Напомена: Сумата претставува збир од следниве обврски: 200,00 ден. – тетратки за испит; 150,00 ден. – обнова на книжен фонд; 100,00 ден. – солидарна одговорност за штети; 100,00 ден. – осигурување на студентите; 100,00 ден. – уверенија за редовност; 650,00 – материјали и опрема за лабораториски вежби; 100,00 ден.-информатор.

9.      ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА

Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број: 723012, програма 41

Депонент: НБРМ

Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ

ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ

Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број: 723012, програма 41

Депонент: НБРМ

Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ

Покрај овие документи за упис на Факултетот, примените кандидати треба да ги достават и сите документи од пријавувањето кои беа испратени во електронска форма.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ОД ПРИЈАВУВАЊЕТО

  • Пријава за запишување (образец А1) (се купува во книжарницата на факултетот)
  • Aдминистративна такса од 50 денари
  • Оригинални свидетелства од сите класови*
  • Документ за положена државна матура (Оригинална диплома за завршено средно образование)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал) + копија од извод од матична книга на родените
  • Доказ за државјанство на Р. Македонија (оригинал уверение или решение)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
  • Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (испечатен од електронската пријава – Iknow)
  • Изјава за национална припадност(се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава)
  • Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 3 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ (доставуваат само примените кандидати кои добиле стипендија).
  • Изјава за користење лични податоци
  • Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи